May 2026

За првото тромесечие од 2026 ги издвојуваме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивната посветеност, професионален однос и резултати се пример за сите и придонесуваат за силна тимска култура.
Христијан Здравевски – Нептун Битола
Работно место: Референт за продажба
Аналитичен и навремен во извршувањето на задачите; со изразена самоиницијатива креираше календар кој значително го олесни следењето на доставите и монтажите; постигнува врвни резултати во дополнителната и вкрстената продажба (up-sell и cross-sell); смирено ги претвора предизвиците во можности и преку својата професионалност создава лојални купувачи кои се враќаат исклучиво за него.
Гордана Филипоска – Нептун Стадион
Работно место: Референт за наплата и кредитирање
Доследно ги следи процедурите и постојано вложува во својот професионален развој; преку поставување конкретни прашања прецизно ги открива потребите на клиентите, обезбедувајќи им врвно пост-продажно искуство; со позитивен став нуди практични решенија за секој приговор; често презема иницијатива за самостојно решавање на проблемите, со што гради голема доверба и конзистентно ја зголемува ефикасноста на целиот тим.
Армена Изетоска – Нептун Струга
Работно место: Референт за продажба
Вистински пример за посветеност, која континуирано ги надградува вештините и редовно се информира за новитетите; се истакнува со несебично споделување на знаењето и помагање на колегите во тимот; максимално фокусирана на клиентите, со голема стручност ги презентира производите и обезбедува точни одговори на секоја дилема, придонесувајќи за континуирано висок квалитет на услугата во салонот.
Им честитаме на колегите и им посакуваме уште многу успеси!