May 2025
За првото тромесечие од 2025 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:
Милена Сибиноска – Нептун Стадион
Работно место: Референт за продажба
Вработена која постојано ги надминува очекувањата, извршувајќи ги сите работни задачи точно, навремено и без забелешки; поседува извонредни аналитички и комуникациски вештини – темелно ги анализира ситуациите и наоѓа практични и ефикасни решенија. Секогаш комуницира јасно, точно и навремено, како со колеги, така и со клиентите, со што придонесува за позитивна и професионална работна атмосфера; со своето знаење и искуство успешно ги препознава потребите на клиентите, нудејќи им најдобри решенија и им помага во нивниот избор; активно придонесува за тимската работа и успешно се справува со менторската улога, поддржувајќи го развојот на колегите.
Горан Ангелов – Нептун Кочани
Работно место: Референт за продажба
Посветен и одговорен, ги извршува сите задачи навремено и квалитетно; внимателно ги анализира проблемите и секогаш нуди соодветни и ефикасни решенија; неговата комуникација е јасна, прецизна и убедлива, што придонесува за успешно презентирање на производите и градење доверба со клиентите; потполно е фокусиран на нивните потреби, внимателно ги слуша и им нуди најдобри можни решенија; одлично ја познава својата работа и несебично го споделува своето знаење со колегите, со што придонесува за тимскиот успех и позитивната атмосфера во продажната единица.
Наташа Наумоска Митовска - Нептун Тетово
Работно место: Одговорна на смена
Постојано се стреми да ги надминува очекувањата, извршувајќи ги задачите навремено, квалитетно и пред зададениот рок; секогаш е уредна и посветено се грижи за чиста и организирана работна средина, активно предлага подобрувања за унапредување на работниот процес; поседува извонредни комуникациски вештини, комуницира јасно, ефективно и навремено, со убедливо презентирање и внимателно слушање на клиентите и колегите; ја поттикнува тимска работа, поставувајќи личен пример и пренесувајќи позитивен дух во тимот.
Им честитаме на сите колеги и им посакуваме уште многу успеси во иднина!!!