May 2021
Согласно процесот на евалуација за првото тромесечие од 2021 година, ги прогласивме најдобрите тројца вработени во малопродажба. По што се издвоија овие вработени, во текстот во продолжение:
Елма Шукурица - Нептун Сарај
работно место: референт за продажба
Поради максималното ангажирање во извршување на работните задачи; се грижи изгледот на продажниот салон да биде на највисоко ниво; комуникативна и љубезна кон клиентите, услугата кон клиентите е на највисоко ниво; високо ниво на самоиницијатива, тимски играч
Зоран Трајков - Нептун Штип
работно место: одговорен на смена
Поради навременото извршување на активности точно и квалитетно, без потреба од дополнителни објаснувања и насоки; самостојно ги решава сите проблеми и ситуации; одлична комуникација со колегите во продавница, со коминтенти како и со клинетите; постојано покажува самоиницијатива, како во делот на работењето така и во уредувањето и изгледот на продавницата
Жанета Илоска - Нептун Охрид
работно место: референт за продажба
Поради квалитетно и навремено завршените задачи; секогаш дава предлози за подобрување на работата; решава проблеми со користење на различни методи и искуство; има голема самоиницијатива; има одлично познавање на работата и своето знаење го пренесува на колегите
Им посакуваме и понатамошни успеси во работата.