Најдобри вработени во малопродажба за Q2 2026

September 2026

Најдобри вработени во малопродажба за Q2 2026

За второто тромесечие од 2026 ги издвојуваме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивната посветеност, професионален однос и резултати се пример за сите и придонесуваат за силна тимска култура.

Игор Маркоски – Нептун Охрид

Работно место: Референт за продажба

Поседува одлично познавање на работата кое несебично го пренесува на останатите вработени; задачите ги извршува квалитетно и навремено, континуирано давајќи предлози за подобрување на работните процеси; со својата самоиницијативност се грижи за работната околина и ги мотивира колегите; целосно е посветен на клиентите, темелно ги испитува нивните потреби и ги насочува кон најсоодветните решенија; ефикасно применува различни методи и го користи своето искуство за брзо и успешно решавање на тековните проблеми.

Жаклина Цветковска – Нептун Аеродром

Работно место: Референт за продажба

Има одлично познавање на процедурите и задачите ги извршува навремено и доследно; со изразена проактивност самостојно го одржува својот реон беспрекорно уреден и се залага за унапредување на работата во салонот; преку поставување кратки и прецизни прашања вешто ги открива потребите на клиентите, што и овозможува високо ниво на презентација и лесно затворање на продажбата; дава јасни насоки за користење на производите, оставајќи позитивен впечаток; самостојно презема одговорност при решавање на проблемите и вешто се справува со сите приговори, претставувајќи одличен пример за соработка во тимот.

Спасе Терзиев – Нептун Струмица

Работно место: Референт за продажба

Со својот позитивен однос, иницијативност и внимание кон деталите остава одличен впечаток кај клиентите и колегите; покажува високо ниво на подготвеност во продажниот процес, ефикасно водејќи ги купувачите до најдобрите решенија; одлично се справува со сите приговори и нуди соодветни решенија за секој проблем; секогаш комуницира со голема почит и разбирање, претставувајќи вистински личен пример за тоа како професионално треба да се пристапи кон работата.

Им честитаме на колегите и им посакуваме уште многу успеси!