August 2025
За второто тромесечие од 2025 година ги прогласивме тројцата најуспешни колешки во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:
Памела Љубенова-Павлова – Нептун Кавадарци
Работно место: Референт за продажба
Се истакнува со одлично познавање на работните задачи, обврски и процедурите, при што секогаш се придржува кон истите; покажува високо ниво на посветеност, самостојно и навремено ги извршува задачите; секогаш подготвена да сподели знаење со колегите и доброволно помага на секој член од тимот; редовно се информира за нови одлуки и процедури и се труди работната околина да биде беспрекорна; при било какво прашање или дилема од страна на клиент, обезбедува точен одговор; секогаш вклучена во процесите на решавање проблеми и посветено придонесува кон тимскиот успех.
Софија Павлова – Нептун Велес
Работно место: Одговорна на смена
Компетентна и одговорна, со длабоко познавање на производите и процесите, придонесувајќи за ефикасноста на компанијата; демонстрира високо ниво на професионалност и посветеност во секој аспект од работата; проактивна, истрајна и самостојна во извршувањето на задачите, без потреба од дополнителна мотивација; одлично соработува со тимот и создава позитивна работна атмосфера; уредна и грижлива за изгледот на продавницата, обезбедувајќи пријатно искуство за клиентите; вешта во градење односи со клиенти и колеги преку ефективна комуникација; покажува креативност и ефективност при решавање на задачи и приговори; ги познава производите и услугите во длабочина, ефективно ги истакнува клучните предности и успешно влијае на куповната одлука на клиентот; со конзистентно позитивен пристап, гради доверба и лојалност кај клиентите; нејзината самостојност и способност за тимска соработка гарантираат одлични резултати.
Анила Муриќ – Нептун Карпош
Работно место: Референт за продажба
Ја познава работата во длабочина и постојано се грижи работната средина да биде уредна и организирана; секогаш подготвена да им помогне на новите колешки, покажувајќи одличен менторски дух; ги надминува очекувањата и сите задачи ги извршува навремено и без забелешки; активно и посветено работи на уредување на својот продажен реон, без разлика на смената; секогаш средена и професионална, со одлично познавање на производите што внесува сигурност кај клиентите; со долгогодишно искуство во работа со клиенти, умешно применува техники за идентификација и задоволување на нивните потреби; со мирен и внимателен пристап, знае како да го насочи клиентот кон подобар избор; внимателно ги слуша клиентите и секогаш наоѓа соодветно решение; со својата смиреност и сигурност ја гради довербата кај клиентите и успешно ги предвидува нивните потреби благодарение на темелното познавање на процедурите и искуството.
На колегите им посакуваме понатамошни успеси во работата!