Најдобри вработени во малопродажба за Q3 2025

November 2025

Најдобри вработени во малопродажба за Q3 2025

За третото тромесечие од 2025 ги издвојуваме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивната посветеност, професионален однос и резултати се пример за сите и придонесуваат за силна тимска култура.

Ивица Димитриески – Нептун Тетово

Работно место: Одговорен на смена

Се истакнува со темелно познавање на задачи и процедури и проактивно идентификува можности за подобрување; задачите ги извршува квалитетно и навремено, со изразена самоиницијативност и преземање нови предизвици; одржува беспрекорна лична презентација и работна средина и ефективно ги користи ресурсите; комуницира јасно со клиенти, колеги и претпоставени, градејќи позитивна вербална и невербална комуникација; вешто поставува прашања за да ги открие потребите на клиентите, препорачува соодветни решенија и сигурно ја потврдува продажбата; смирено управува со предизвикувачки ситуации и гради трајна лојалност и повторни купувања.

Катерина Ѓоргиевска – Нептун Битола 2

Работно место: Референт за продажба

Покажува одлично познавање на процесите и сите аспекти на работењето; задачите ги реализира самостојно, квалитетно и навремено, поставувајќи личен пример за тимот; одржува чиста и уредна работна средина и постојано се надградува; ги следи чекорите на продажба, води јасни и продуктивни разговори и им помага на клиентите да го добијат токму она по што дошле; клиентите се враќаат и често ја бараат исклучиво неа поради професионалната презентација, внимателниот однос и ефикасното решавање на барањата; добива конзистентно позитивен фидбек и значајно придонесува за тимската атмосфера.

Јулијана Величковска – Нептун Карпош

Работно место: Референт за наплата и кредитирање

Поседува одлично познавање на работата и редовно предлага практични подобрувања за побрзи и поефикасни процеси; покажува самоиницијатива, ги надминува очекувањата и со задоволство прифаќа нови предизвици; одличен тимски играч — секогаш подготвена да помогне и да мотивира; касата и работниот простор ѝ се секогаш средени, обезбедувајќи пријатно искуство и позитивна атмосфера; комуникацијата ѝ е јасна и прецизна, внимателно ги идентификува потребите на клиентите и професионално ги презентира услугите со јасно истакнати бенефити; со смиреност се справува со секоја ситуација и внесува доверба, темелно проверувајќи ги проблемите за да избере соодветно решение.

Им честитаме на колегите и им посакуваме уште многу успеси!