February 2026

За четвртото тромесечие од 2025 ги издвојуваме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивната посветеност, професионален однос и резултати се пример за сите и придонесуваат за силна тимска култура.
Сања Христоманова – Нептун Струмица
Работно место: Референт за продажба
Одлично одговара на барањата на клиентите и вешто ги води низ продажниот процес, предлагајќи ги најсоодветните решенија; комуницира на јасен, ефективен, навремен и концизен начин; покажува силна самоиницијатива и постојано предлага корисни идеи за унапредување на работата во салонот; со своето однесување ја поттикнува тимската работа, доброволно менторирајќи ги колегите и несебично споделувајќи го своето знаење; претставува вистински пример за професионалност за сите вработени.
Алмир Весели – Нептун Карпош
Работно место: Референт за продажба
Одлично ја познава работата, одржува беспрекорна работна средина и се истакнува како посветен ментор; навремено ги извршува задачите и со силна самоиницијативност постојано ги надминува очекувањата; одличен тимски играч кој гради позитивна комуникација и атмосфера во салонот; уреден и грижлив за својот реон, влева сигурност кај клиентите преку темелното познавање на производите; вешто ги идентификува нивните потреби и успешно реализира дополнителна и вкрстена продажба.
Аријан Сулејмани – Нептун Куманово
Работно место: Референт за продажба
Посветен и одговорен во извршувањето на работните задачи, темелно ги анализира проблемите и нуди ефикасни решенија; комуницира јасно и прецизно, успешно ги презентира производите и гради цврста доверба; внимателно ги сослушува клиентите за да им го понуди најдоброто можно решение; се истакнува со изразена самоиницијативност и конзистентност во работата; несебично го споделува своето знаење со колегите, ја поттикнува тимската работа и поставува личен пример, внесувајќи позитивен дух во целиот тим.
Им честитаме на колегите и им посакуваме уште многу успеси!