ВЕБ АДМИНИСТРАТОР

Скопје, Северна Македонија

Биди дел од нашиот тим!

ВРАБОТУВАМЕ:

ВЕБ АДМИНИСТРАТОР

Нептун го зајакнува маркетинг одделот и сме во потрага по професионална, добро организирана, детална, само-мотивирана и флексибилна личност, која ќе биде одговорна за градење, одржување, ажурирање и беспрекорно фунционирање на веб страницата на компанијата.

Основни одговорности:

  • Собира информации од различни извори за потребите за развој на web страницата и истите ги имплементира
  • Се грижи за изгледот на страната и импорт на  податоци
  • Ја гради и ажурира веб страницата на Нептун Македонија
  • Учествува во процес на планирање и дизајн на веб страницата
  • Развива технички методологии за инжинерски решенија на развојни проблеми при развој на веб страницата
  • Утврдува неправилности во работата на веб страницата и развива методи за нивно надминување
  • Ја зголемува „видливоста“ на веб страницата преку имплементација на добри практики при пребарување
  • Ја подобрува работата на веб страницата преку имплементација на системи за следење и подобрување на брзина на апликацијата
  • Извршува работи поврзани со директен маркетинг, како испраќање на масовни е-маил пораки и сл.


Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование/ Високо образование во областа на IT ќе се смета за предност
  • Работно искуство и познавање на CSS, HTML
  • Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office, adobe, дизајн и мултимедиjа)
  • Најмалку една година искуство во развој и одржување на web страници
  • Насоченост кон детали, самоорганизираност, способност за работа под временски притисок и мултитаскинг

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Атрактивна плата и пакет на бенефиции
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба
  • Работно време: понеделник-петок; 7:30/08:30 – 15:30/16:30часот (флексибилно)

Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле. Рокот за аплицирање е 25.09.2024.


ВЕБ АДМИНИСТРАТОР

Пријави се на огласот
Опис на работно место

ВЕБ АДМИНИСТРАТОР

Лични информации