Специјалист за дигитален маркетинг

Скопје, Северна Македонија

Нептун Македонија го проширува и зајакнува маркетинг одделот и сме во потрага по добро организирана, комуникативна, иницијативна и креативна личност за позицијата


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ



Потребни квалификации:

  • Високо образование во областа на маркетинг, економија, бизнис и сродни области
  • Задолжително работно искуство од 3 - 5 години во областа на дигитален маркетинг, маркетинг агенција или компанија со силно дигитално присуство
  • Познавње и користење на различни алатки за интернет и онлајн рекламирање (Google Ads, Meta Ads, SEO, Google Analytics и сл.)
  • Разбирање и имплементација на дигитални маркетинг стратегии, вклучувајќи онлајн рекламирање, управување со социјални медиуми и анализа на перформанси
  • Познавње на маркетинг автоматизација и аналитички платформи за следење и оптимизација на кампањи
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office програмите
  • Високи естетски критериуми за обезбедување квалитетна содржина и доследност на брендот
  • Детален пристап, способност за работа на различни проекти истовремено и придржување до временски рамки и рокови

Работни задачи и одговорности:

  • Развивање и имплементација на маркетинг и дигитална стратегија
  • Развој и интеграција на комуникациски стратегии со инкорпорирање на PR, маркетинг и интернет промоција
  • Имплементација на комуникациски планови за зголемување на препознатливоста и свеста за Нептун Македонија како бренд организација
  • Развој и имплементација на дигитални маркетинг кампањи преку различни онлајн канали (социјални мрежи, веб-страница, е-маил маркетинг, PPC кампањи)
  • Управување со социјалните медиуми и градење на дигитална заедница
  • Анализа на трендови во дигиталниот маркетинг и примена на најдобрите практики
  • Развивање на односи со клучни медиуми со цел зголемување на медиумското покривање и дигиталната присутност на брендот
  • Следење на медиумските објави поврзани со компанијата и брендовите, идентификација на можности за позитивен PR и минимизирање на негативните вести
  • Собирање, анализа и комбинирање на постојните комуникациски активности за да се обезбеди конзистентност во бренд комуникацијата
  • Учествување во дизајнот и одржувањето на веб-страницата на компанијата во консултација со веб-администраторот
  • Следење на клучните KPI и ROI показатели за проценка на успешноста на кампањите
  • Континуирано тестирање, анализа и оптимизација на дигиталните стратегии за подобри перформанси


Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци
  • Можност за развој и напредување
  • Бенефиции согласно позицијата
  • Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот

Доколку сте подготвени за работа во динамична средина, каде се цени инвентивноста, одржувањето високи стандарди во работата, оригиналното размислување и тимската работа, ве покануваме да аплицирате на означеното поле.

Рок за аплицирање: 23.02.2025

Специјалист за дигитален маркетинг

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Специјалист за дигитален маркетинг

Лични информации
Професионални информации