Графички дизајнер

Скопје, Северна Македонија

Нептун Македонија е во потрага по креативен, талентиран и посветен Графички дизајнер, кој ќе креира визуелни концепти, користејќи компјутерски програми за да ги искомуницира идеите кои ќе ги информираат, инспирираат и привлечат купувачите. 

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Главните задолженија се поврзани со  дизајн и графичко уредување на рекламни материјали, летоци и останати маркетинг  промотивни материјали, како и продукција на веб банери и визуелни прикази на дизајнот (Story board) и нивно прилагодување за различни медиуми. Ќе имате можност да соработувате со локални добавувачи околу техничкиот дел, да развивате креативни решенија за брендирање на продавниците во малопродажната мрежа, да креирате графички и видео материјали и да  оставите ваш печат, придржувајќи се до предефинирани корпоративни стандарди. 

Потребни квалификации:

  • Познавање на индустријата, технолошки и маркетинг трендови и технологии
  • Соодветно образование од областа на графички дизајн
  • 1-3 години работно искуство и познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe Premiere, Adobe After Effects
  • Познавање на англиски јазики и MS Office
  • Искуство во изработка на лендинг страни и видео едитирање ќе се смета за предност
  • Детален пристап, способност за работа на различни проекти истовремено и придржување до временски рамки и рокови

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци
  • Можност за развој и напредување
  • Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот

Доколку сте подготвени за работа во динамична средина, каде се цени инвентивноста и оригиналното размислување, ве покануваме да аплицирате на означеното поле.

Рок за аплицирање: 24.02.2025


Графички дизајнер

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Графички дизајнер

Лични информации
Професионални информации