Сметководител

Скопје, Северна Македонија

 


СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

Нептун Македонија е во потрага по Сметководител кој ќе биде задолжен за прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водeње трговски/деловни книги и финансиски извештаи, контролирање на целокупната влезно-излезна документација почитувајќи ги законските прописи врзани за сметководството. Правилно и ажурно книжење на добиената документација, проверка на аналитички картички. Усогласување на книговодствената документација, како и усогласување на материјалното книговодство со финансиското.

 

Целта е да се придонесе за целокупното ефикасно работење на одделот, а со тоа и остварување долгорочен успех на компанијата преку носење правилни одлуки.

 

Потребни квалификации:

 
  • ВСС, Економски факултет
  • Минимум 2 години искуство во сметководство
  • Добро познавање на меѓународните сметководствени стандарди и на македонската сметководствена регулатива
  • Лиценца за овластен сметководител е пожелно
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен) и MS Office програмите
  • Високо ниво на одговорност, способност за запазување детали и организираност
  • Позитивен став и тимска ориентација
 

Доколку си вешт со бројки и внимаваш на детали, а сметководството е твоја определба, те покануваме да аплицираш и да станеш дел од нашиот успешен професионален тим!

 

ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!

 

Нашата компанија нуди:

 
  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци
  • Можност за развој и напредување
  • Работно време: понеделник-петок; 07:30 – 15:30/08:30 - 16:30 (флексибилно)
 


Сметководител

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Сметководител

Лични информации
Професионални информации