Контролор на дневен промет

Скопје, Северна Македонија

Нептун Македонија објавува оглас за потребите на одделот за финансии и сметководство.

Го прошируваме тимот и бараме амбициозни, посветени, комуникативни, аналитични и тимски ориентирани кандидати за позицијата:


КОНТРОЛОР НА ДНЕВЕН ПРОМЕТ


Одговорности и работни задачи:

  • Прием и проверка на финансиска документација од продавниците за дневните промети
  • Ги контролира сите документи поврзани со продажба како фискални сметки, слипови, дневен фискален извештај, итна сметководствена книга, сторнирани сметки
  • Контролира дневен пазар на продавниците
  • Прием и проверка на финансиска документација од продавниците, поврзана со дневните промети
  • Контролира спроведување на процедури поврзани за продажни акции
  • Ја контролира и следи уплатата на дневниот промет од продавниците
  • Комуницира со деловните банки во решавање на евентуални спорни трансакции
  • Исплаќа трошоци на вработените преку трошковната благајна
  • Креира и сметководствено евидентира документи поврзани со благајничкото работење, дневниот пазар и трошковната благајна
  • Врши усогласување на аналитичките картици во однос на дневен пазар и прометот со платежни картички 

Потребни квалификации:

  • ССС/ВСС
  • Мин. 2 години искуство со наплата или финансии
  • Солидно познавање на англиски јазик (уснa и писменa комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)
  • Способност за справување со проблеми и изнаоѓање решенија
  • Високо ниво на одговорност, педантност, точност и квалитетно извршување на работните задачи
  • Високо развиени комуникациски способности и ориентираност кон клиенти

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба
  • Работа во една смена, со флексибилно работно време 7:30/8:30 - 15:30/16:30

Доколку барате нов предизвик во кариерата, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле.

Рокот за аплицирање е до: 31.03.2025

Контролор на дневен промет

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Контролор на дневен промет

Лични информации