Административен асистент

Скопје, Северна Македонија

Нептун Македонија има потреба од добро организирана, доверлива, дискретна, комуникативна и самоиницијативна личност, за позицијата


АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ


Потребни квалификации:

  • 3-5 години искуство во канцелариско и архивско работење
  • Високо образование е пожелно
  • Познавање на англиски јазик, MS Office и основни вештини за работа со софтвери за управување со документи и податоци
  • Јасна и професионална пишана и усна коресподенција
  • Високо развиени организациски вештини, педантност, деталност, следење рокови
  • Доверливост и дискретност
  • Разбирање на важноста на тимската динамика и успешно придонесување во групни цели


Работни задачи и одговорности:

  • Обезбедува административна поддршка на менаџерите и вработените во компанијата, асистирање во дневните канцелариски потреби и управување со генералните компаниски административни активности
  • Одржува професионална пишана и телефонска комуникација
  • Развива и одржува систем за архивирање согласно законската регулатива
  • Ги ажурира и одржува политиките и процедурите на канцелариско работење
  • Ажурира листи на контакти
  • Им пружа генерална поддршка на посетителите
  • Претставува лице за контакт на внатрешни и надворешни клиенти
  • Одговорност за целокупната писмена документација на компанијата, за секој влезен и излезен документ во Дирекцијата на компанијата
  • Водење електронска евиденција за секој влезен документи во компанијата, прием и дистрибуирање на пошта до соодветните оддели


Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци
  • Можност за развој и напредување
  • Бенефиции согласно позицијата
  • Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот

Доколку сте подготвени за работа во динамична средина, каде се цени одржувањето високи стандарди во работата, ве покануваме да аплицирате на означеното поле.

Рок за аплицирање: 27.02.2025

Административен асистент

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Административен асистент

Лични информации
Професионални информации