Менаџер за финансии и сметководство

Скопје, Северна Македонија

Нептун Македонија го зајакнува и проширува одделот за Финансии и сметководство. За таа цел во потрага сме по стратешки ориентирани кандидати со експертиза во областа на финансии и сметководство, кои поседуваат високо развиени аналитички и лидерски способности, за позицијата:


МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО


Одговорности и работни задачи:

  • Ја мониторира ефикасноста на воспоставениот систем за буџетска контрола и воспоставување на метод за минимизирање на финансискиот ризик
  • Учествува во процесот на трансформирање на бизнис целите на компанијата во конкретни финансиски планови
  • Обезбедува чување и одржување на финансиските податоци во строга согласност со локалната законска регулатива, како и изработка на финансиските и менаџерските извештаи навремено и согласно законските рокови, како и по барање на претпоставениот
  • Обезбедува дека финансиското работење на компанијата е во согласност со законските барања и сметководствените стандарди
  • Воспоставува и утврдува контролен систем кој е потребен да обезбеди рационално користење на средствата во согласност со внатрешните и надворешните норми
  • Воспоставува и обезбедува достапност на сите аналитички извештаи за работењето на компанијата до одговорните менаџери или Собир на содружници
  • Советува при избор и ангажирање на надворешни консултанти (ревизори, советници за инвестиции и сл) и ги координира односите со избраниот надворешен ревизор
  • Одржува односи со банките и другите финансиски институции
  • Ја следи и контролира даночната позиција на компанијата, и ги презема потребите мерки со цел контрола на оданочувањето
  • Воспоставува и одржува ефикасен систем за континуирано следење на финансиската состојба на компанијата, и генералното финансиско работење
  • Управува со готовинското работење на компанијата
  • Ги мониторира извршувањето на платните налози и исплаќањето на побарувањата на компанијата
  • Ги поставува кредитните ограничувања
  • Мотивација, развој и управување со вработените во службата како и воведување на новите вработени
  • Следење на буџетот во соодветната служба и преземање на мерки во случај на отстапувања
  • Учествува во развој на процедури за соодветната служба
  • Учествува на извршни и останати состаноци

Потребни квалификации:

  • Мин. 5 години искуство на раководна позиција во финасии и сметководство
  • Високо образование – економски науки   
  • Најмалку 2 години искуство со примена на IFRS стандарди
  • Одлично познавање на даночната законска регулатива
  • Искуство во работа со банки и банкарски продукти
  • Пожелно е поседување на ACCA сертификат
  • Одлично познавање на англиски јазик (уснa и писменa комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)

Личен профил:

  • Високо развиени аналитички способности
  • Развиени лидерски вештини и способност за градење и водење на тимови
  • Иницијативност, насоченост кон иновации и подобрувања
  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба

Доколку барате нов предизвик во кариерата и сакате да бидете дел од реномирана и успешна компанија, каде што се цени лојалноста, извонредноста, лидерството, одговорноста и тимскиот дух, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле

Рокот за аплицирање е до: 24.03.2025

Менаџер за финансии и сметководство

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Менаџер за финансии и сметководство

Лични информации
Професионални информации