ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР (замена за породилно)

Скопје, Северна Македонија

Нептун Македонија е во потрага по креативен, талентиран и посветен Графички дизајнер, кој ќе креира визуелни концепти, користејќи компјутерски програми за да ги искомуницира идеите кои ќе ги информираат, инспирираат и привлечат купувачите.


ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР (замена за породилно)


Главните задолженија се поврзани со дизајн и графичко уредување на рекламни материјали, летоци и останати маркетинг промотивни материјали, како и продукција на веб банери и визуелни прикази на дизајнот (Story board) и нивно прилагодување за различни медиуми. Ќе имате можност да соработувате со локални добавувачи околу техничкиот дел, да развивате креативни решенија за брендирање на продавниците во малопродажната мрежа, да креирате графички и видео материјали и да оставите ваш печат, придржувајќи се до предефинирани корпоративни стандарди.


Потребни квалификации:

  • Познавање на индустријата, технолошки и маркетинг трендови и технологии
  • Соодветно образование од областа на графички дизајн
  • 1 години работно искуство и познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe Premiere, Adobe After Effects
  • Познавање на англиски јазики и MS Office
  • Искуство во изработка на лендинг страни и видео едитирање ќе се смета за предност
  • Детален пристап, способност за работа на различни проекти истовремено и придржување до временски рамки и рокови

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци
  • Можност за развој и напредување
  • Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот

Доколку сте подготвени за работа во динамична средина, каде се цени инвентивноста и оригиналното размислување, ве покануваме да аплицирате на означеното поле.

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР (замена за породилно)

Пријави се на огласот
Опис на работно место

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР (замена за породилно)

Лични информации
Професионални информации