Референт за контрола на залихи и основни средства

Скопје, Северна Македонија

Референт за контрола на залихи и основни средства

-2 извршители-

 

Опис на работното место:

Како дел од тимот на Нептун Македонија, Референтот за контрола на залихи и основни средства ќе биде одговорен за следење, анализа и усогласување на залихите и основните средства во малопродажната и магацинската мрежа. Оваа улога е клучна за обезбедување точност и ефикасност во системите за евиденција и управување со материјални средства.


Главни одговорности:

  • Креирање на месечен план за посета на продавници и магацин
  • Планирање на попис на залиха на трговската стока и основни средства во компанијата
  • Попис и контрола на примен аванс и готовината во продажните салони
  • Попис на трговска стока на залиха во сите магацински простории на Друштвото, како и на трговска стока која е под царински надзор во царинските складишта
  • Споредба на попишаните средства со книговодствената евиденција
  • Истражување на причините за разлики помеѓу фактичката и книговодствената евиденција, и преземање на активности за порамнување на истите
  • Креирање на извештај во врска со извршениот попис
  • Вршење на сите сродни работни должности од делокругот на својата работа
  • По барање на претпоставен врши и други работи во согласност со квалификации и област на работење


Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование   
  • 2 години искуство во област на контрола на залихи и основни средства.
  • Добро познавање на MS Office (особено Excel)
  • Организираност, внимание на детали и аналитичност
  • Познавање од областа на материјална евиденција


Лични способности:

  • Одговорност и професионалност
  • Точност и прецизност при водење евиденција
  • Способност за тимска работа и самостојно донесување одлуки
  • Комуникативност и позитивен однос кон работата
  • Работа време од понеделник до петок, една смена


Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и имате желба да ја развивате својата кариера во областа на контрола на залихи и основни средства, ве покануваме да ја испратите вашата апликација до 23.08.2025


Референт за контрола на залихи и основни средства

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Референт за контрола на залихи и основни средства

Лични информации
Професионални информации