АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРОДАЖБА

Скопје, Северна Македонија

Нептун Македонија објавува оглас за потребите на одделот за продажба.

Го прошируваме тимот и бараме амбициозни, посветени, комуникативни, аналитични и тимски ориентирани кандидати за позицијата:


АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРОДАЖБА


Главни одговорности:

Администрација на продажба и поддршка на продавници:

  • Обработка на процедури за вработени поврзани со поовластени цени.
  • Издавање и евиденција на книжни одобренија, подарок ваучери и ваучери за фирми.
  • Поддршка при отварање на лимити и параметрирање во Collab системот на комитенти
  • Подготовка и следење на понуди и профактури за фирми
  • Правење адресници за испорака на крајни купувачи преку порталот на ЕЛС
  • Контрола и проверка на сторно фактури од продавници.

Retail и Online поддршка:

  • Комуникација и координација со продавници за информации поврзани со промоции, работно време за празници и други активности.
  • Подготовка на табели за работа на празници и доставување до HR и маркетинг.
  • Следење и координација на барања за прераспределба и испомош на персонал со HR.

Контрола и логистика:

  • Контрола на нарачки за хигиенски и канцелариски материјали пред финално одобрување од Набавки.
  • Проверка на фактури од доставувачи надвор од Скопје пред одобрување.
  • Собирање на информации од продавници за потребите на други сектори.

B2B поддршка:

  • Поддршка во делот на тендери и административни задачи поврзани со истите.
  • Замена на B2B претставник за продажба во негово/нејзино отсуство.
  • Извршување на дополнителни административни задачи по барање на Retail и Online менаџер.

Потребни квалификации:

  • Средно или високо образование (предност: економски или административен смер).
  • Искуство во административна или продажна поддршка (предност: во малопродажба).
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Outlook).
  • Познавање на ERP системи (предност: Collab).
  • Организираност, внимание на детали и способност за работа со кратки рокови.
  • Комуникативност и тимска работа.

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба
  • Работа во една смена, со флексибилно работно време 7:30/8:30 - 15:30/16:30

Доколку барате нов предизвик во кариерата, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле, најдоцна до 05.10.2025.


АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРОДАЖБА

Пријави се на огласот
Опис на работно место

АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРОДАЖБА

Лични информации