Сервисен координатор

Скопје, Северна Македонија

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го проширува и зајакнува тимот за пост-продажна поддршка, и сме во потрага по проактивна, систематична, комуникативна и добро организирана личност за позицијата

СЕРВИСЕН КООРДИНАТОР


Одговорности и работни задачи:

  • Подготвува дневни извештаи за директна замена, протокол и производи за сервис
  • Изработува месечни извештаи за неисправни производи за вендори за добивање кредитни ноти
  • Проверува гаранција и креира сервисни тикети врз основа на доставена документација
  • Координира со магацин и сервисери за навремено сервисирање
  • Следи статуси на активни тикети и презема мерки при пробиени рокови
  • По одобрена замена, иницира протокол, подготвува документација и комуницира со финансии
  • Обезбедува навремена повратна информација за статус на сервисирање до контакт центар
  • Проверува производи за отпад и подготвува извештаи со потребна документација
  • Координира транспортирање до компании за отпад или враќање во фабрика на вендорите
  • Подготвува и спроведува фактури врз основа на кредитни ноти, пробиени рокови или оштетувања при транспорт
  • Врши проверка и одобрување на сервисни фактури и ги доставува до финансии
  • Креира и испраќа адресници до логистичка компанија за достава на производи до сервис
  • Подготвува целосна документација за правен сектор и комуницира со купувачи за претставки и жалби

Потребни квалификации:

  • ВСС или ССС
  • 1 - 3 години искуство во грижа за корисници или административна работа
  • Искуство во сервисна или административна координација ќе се смета за предност
  • солидно познавање на англискиот јазик
  • солидно познавање на MS Office програмите
  • одлични комуникациски и организациски способности
  • само-мотивираност, работна етика, одговорност и посветеност на работните задачи
  • аналитичност, внимание на детали и способност за работа со рокови  

    Нашата компанија нуди:
  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци
  • Можност за развој и напредување
  • Работно време: понеделник-петок; 07:30 – 15:30/08:30 - 16:30 (флексибилно)

Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата, доставете го вашето CV на означеното поле за аплицирање.

Рокот за аплицирање е до: 10.01.2026


Сервисен координатор

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Сервисен координатор

Лични информации
Професионални информации