Раководител на продавница во Неготино

Неготино, Северна Македонија

 

Нептун Македонија е во потрага по амбициозен, енергичен лидер, насочен кон клиенти и кон раководење и мотивирање на тимови за постигнување извонредни резултати во продажба.

 

РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАВНИЦА

-НЕГОТИНО-


Одговорности и работни задачи:

  • Ги организира и дневно управува со активностите во продавницата
  • Ги планира и подготвува работните планови и делегира задолжувања на вработените
  • Ја надгледува продажбата и спроведувањето на соодветните процедури за работа
  • Ја следи и управува со продажбата со цел постигнување на зададени деловни цели и буџети
  • Ја контролира и администрира готовината и документацијата за продажба согласно соодветните прцедури за работа вклучувајќи и достава на документација до архивата на Друштвото
  • Ја администрира евиденцијата и документација за личните досиеја на вработените и другата документација за продавницата која подложи на законски и други регулаторни барања;
  • Соработува за инспекциски и други регулаторни органи во случај на инспекциска или друг тип на контрола и надзор на продавницата
  • Управува со вработените, преку одржување редовни состаноци, давање предлози за службени забелешки, известување за сите важни работи за работењето во Друштвото, врши евалуција на вработените и дава насоки за подобрување на перформансите и го спроведува Кодексот за етичко однесување на Друштвото
  • Се грижи и дава предлози за изгледот на продавницата и уредувањето на изложената трговска стока
  • Изготвува периодични извештаи за работењето на продавницата согласно соодветните процедури
  • Ја следи пазарната позиција на продавницата и работата на конкурентските компани и дава предлози за подобрување на конкурентноста
  • Се грижи за соодветноста на залихата на трговска стока за продажба во продавницата, врши нарачки и прием и евиденција на трговска стока на залиха во продавница
  • Ги контролира оперативните трошоци и предлага решенија за поголема ефикасност
  • Врши попис на трговската стока за продажба и инвентарот во продавницата
  • Го организира и управува со сервисниот процес, согласно процедурите на компанијата и комуникација со координаторот за сервисни прашања и локалните сервисери
  • Организира распоред на испораки на трговска стока до купувачите
  • Мотивација, развој и управување со вработените во продавницата, како и воведување на новите вработени


Потребни квалификации:

  • ВСС/ССС
  • Минимум 3 години работно искуство на раководна позиција, во сектор продажба
  • Темелно познавање на индустријата, технолошки и пазарни трендови
  • Напредно ниво на работа со компјутер Microsoft office
  • Познавање на Англиски јазик; Познавање на Албански јазик е предност
  • Високо развиено ниво на работна етика и ефикасно управување на времето
  • Аналитички способности и вештини за планирање и организација
  • Способност за раководење, мотивирање и менторирање на вработени


Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа со тим на професионалци
  • Можност за континуиран развој и напредување
  • Пакет на бенефиции согласно позицијата
  • Работно време: сменско, 40 часа неделно


Доколку посакувате да станете дел од нашето големо регионално семејство каде што ќе можете да ги остварите своите потенцијали и да ги надминете своите очекувања, ве покануваме да ни се придружите!
Испратете ја Вашата кратка биографија преку означеното поле!


Раководител на продавница во Неготино

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Раководител на продавница во Неготино

Лични информации
Професионални информации