Скопје, Северна Македонија

BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.
Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција.
Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.
ИТ Асистент
Нептун Македонија е во потрага по компетентен професионалец од областа на ИТ. Основна одговорност на ИТ Асистентот е обезбедување на поддршка во инсталација и одржување на компјутерската опрема, подршка на инфраструктурата, телефонските и емаил-системите итн. со цел креирање на пријатна работна атмосфера за сите корисници во компанијата и оптимизирање на работата на системот во согласност со техничките стандарди на компанијата. Ќе биде задолжен да детектира и разрешува случаи на дефекти или попречувања (поддршка од прв ред), да ги информира корисниците за статусот на нивните барања упатени до Техничката поддршка на ИТ одделот, да ја набљудува и анализира постоечката инфраструктура на ИТ, да врши мониторинг и одржување на комуникационата мрежа, обезбедува техничка поддршка и учествува во проекти поврзани со модификација и инсталација на програми и опрема. Обезбедува техничка поддршка за персонални компјутери, мобилни уреди и VOIP телефонија. Врши тестирање на нови уреди, софтвер и технологии. Обезбедува поддршка на корисниците на теренски локации.
Потребни квалификации:
Нашата компанија нуди:
Доколку сакате да бидете дел од нашиот динамичен, амбициозен и професионален тим, а воедно ги поседувате бараните квалификации, ве покануваме да аплицирате.