Специјалист за обука и развој

Скопје, Северна Македонија

BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.

Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција. Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.

Како дел од BALFIN Group, Нептун Македонија постојано инвестира во развојот на своите вработени, градејќи знаења, вештини и потенцијал неопходни за одржлив раст и високи перформанси. Во таа насока, го зајакнуваме нашиот тим и објавуваме оглас за работно место:

Специјалист за обука и развој


Специјалистот за обука и развој кој ќе биде одговорен/а за планирање, организација и имплементација на програми за обука и развој на вработените, со цел унапредување на нивните компетенции, перформанси и ангажираност.


Клучни одговорности:

  • Анализа на потребите за обука и развој на вработените во согласност со стратешките цели на компанијата
  • Креирање, имплементација и координација на интерни и екстерни програми за обука за различни нивоа на вработени
  • Реализација на воведни и континуирани обуки за вработени во продавници и корпоративни тимови
  • Подготовка и развој на наставни материјали, прирачници, презентации, прашалници и тестови за знаење
  • Мерење и анализа на ефективноста на обуките и подготовка на извештаи со препораки за унапредување
  • Водење евиденција и бази на податоци за реализирани обуки и развојни активности
  • Учествување во планирање и следење на годишниот буџет за обука и развој
  • Координација и соработка со надворешни обучувачи и консултанти
  • Активно учество во програми за управување со таленти, развој, задржување и наследување
  • Работа со различни тимови и поддршка на менаџментот во развојот на вработените

Потребни квалификации и вештини:

  • Високо образование (предност: општествени науки, човечки ресурси, психологија или сродни области)
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство во областа обука и развој или човечки ресурси
  • Познавање на политики, методологии и техники за креирање и имплементација на обуки
  • Знаења од областа на андрагогија и нивна практична примена
  • Способност за јасно и ефективно пренесување на знаења
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Добри организациски и аналитички вештини
  • Вештини за управување со проекти и координација на различни активности
  • Пожелно познавање на англиски јазик
  • Способност за работа во динамична средина и со различни тимови
  • Изразена ориентација кон резултати и континуирано унапредување
  • Подготвеност за патувања и одржување обуки по реони и продавници

Што нудиме:

  • Работа во стабилна и препознатлива компанија
  • Можност за професионален и личен развој
  • Динамична работна средина и соработка со различни тимови
  • Учество во креирање и имплементација на развојни HR практики

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со испраќање на своето CV и мотивациско писмо, преку означеното поле. Рокот за аплицирање е до: 25.01.2026


Специјалист за обука и развој

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Специјалист за обука и развој

Лични информации
Професионални информации