Раководител на логистика

Скопје, Северна Македонија

BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.

Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција. Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.

Како дел од BALFIN Group, Нептун Македонија игра клучна улога во секторот малопродажба, со фокус на ефикасни оперативни процеси и високи стандарди во синџирот на снабдување. Во насока на понатамошно унапредување на логистичките операции, објавуваме оглас за работно место:


РАКОВОДИТЕЛ НА ЛОГИСТИКА

(управување со 3PL провајдер)


Клучни одговорности:

  • Стратешко управување со логистиката преку 3PL: дефинира и одржува оперативен модел, KPI рамка и годишен план за логистика во соработка со логистичкиот провајдер
  • Поставува и следи KPI’s (On‑Time Delivery, Fill Rate, Picking Accuracy, Dock‑to‑Stock, Lead Time, Cost per Order/Unit, Damage Rate), спроведува месечни/квартални прегледи на перформанси и иницира планови за подобрување
  • Учествува во преговарање/ажурирање на договори, тарифници и SLA; следи трошоци (транспорт, складирање, манипулации) и осигурува усогласеност со буџет
  • Обезбедува дневна/неделна координација со 3PL за прием, складирање, комплетирање и испорака; правовремено решава ескалации (доцнења, оштетувања, недостиг)
  • Прогнозира обем, управува со peak периоди и промоции; иницира дополнителни ресурси/рути во координација со 3PL
  • Одобрува планови за рутирање, следи навремена испорака кон продавници/клиенти и предлага подобрувања
  • Бара и прегледува циклусни и годишни пописи; следи точност на залихи, aging, оштетувања и причински анализи; координира корективни мерки со 3PL
  • Обезбедува усогласеност со законска регулатива, стандарди за БЗР, безбедно ракување и интерни политики на Нептун/BALFIN Group
  • Подготвува редовни извештаи (KPI dashboard, трошоци, сервисни нивоа, инциденти), изведува root‑cause анализи и препорачува мерки за унапредување.
  • Учествува во имплементација/интеграција на системи (ERP/WMS/TMS) и обезбедува точен data exchange
  • Соработува блиску со продажба, е‑трговија, набавка и финансии за планирања, лансирања и кампањи
  • Развива планови за континуитет на работење (BCP) за логистика и управување со ризици

Потребни квалификации и вештини:

  • Високо образование; предност: логистика, менаџмент, економија, индустриско инженерство или сродни области
  • 5+ години релевантно искуство во логистика, од кои најмалку 3 години со управување со 3PL/outsourcing или координација на магацин и транспорт преку надворешен провајдер
  • Темелно познавање на логистички процеси, KPI и буџетирање; искуство со WMS/ERP системи и Excel/аналитика.
  • Одлично познавање на англиски јазик (усно и писмено)
  • Силни организациски, аналитички и комуникациски вештини; способност за влијание без формална хиерархија кон надворешни тимови
  • Проактивност, ориентација кон резултати и континуирани подобрувања
  • Познавање на БЗР стандарди и регулатива во домен на транспорт и складирање.

Што нудиме:

  • Работа во стабилна и меѓународно присутна групација
  • Раководна улога со директно влијание врз клиентското искуство и ефикасноста на синџирот на снабдување
  • Динамична средина и соработка со повеќе деловни функции
  • Способност за донесување одлуки и управување со процеси во динамична средина

Доколку сте подготвени за предизвик и сакате да бидете дел од амбициозен тим кој поставува стандарди, аплицирајте преку означеното поле, најдоцна до 26.01.2026

Раководител на логистика

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Раководител на логистика

Лични информации
Професионални информации