Помошник монтажер на клима уреди (во Сервис МК)

Скопје, Северна Македонија

СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме:


ПОМОШНИК МОНТАЖЕР НА КЛИМА УРЕДИ

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование (електротехничка или техничка насока – предност, но не е задолжително)
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Пожелно основно искуство со монтажа или сервис на техничка опрема (клима уреди – предност)
  • Способност за работа со рачен алат и подготвеност за работа со струја
  • Изразена желба за учење и напредување во струката
  • Одговорност, систематичност и организираност
  • Тимска работа и флексибилност во извршување на задачи
  • Подготвеност за работа на висина
  • Основно познавање работа со компјутер

Одговорности и работни задачи:

  • Асистенција при инсталација и монтажа на клима уреди
  • Поддршка при подготовка на материјали, држачи и опрема за монтажа
  • Помош при поставување на надворешни и внатрешни единици
  • Асистирање при тестирање на опремата по инсталација
  • Следење на безбедносни процедури и упатства
  • Помош при идентификување основни проблеми и нивно решавање под надзор
  • Одржување и правилно ракување со алати и опрема
  • Поддршка при водење евиденции за извршени теренски интервенции

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во амбициозен и професионален тим
  • Можност за напредување до монтажер
  • Континуирана обука и менторство
  • Работно време: 08:00 – 16:00
  • Дополнителен бонус за надминување на поставените таргети

Доколку сте заинтересирани за позицијата, испратете кратка биографија преку полето за аплицирање.
Огласот е активен до 15.03.2026.


Помошник монтажер на клима уреди (во Сервис МК)

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Помошник монтажер на клима уреди (во Сервис МК)

Лични информации