Специјалист за плаќања и дневен промет

Скопје, Северна Македонија

BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.

Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција. Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.

Како дел од BALFIN Group, Нептун Македонија, водечки лидер во малопродажбата на технолошки производи, го зајакнува својот тим во финансии и објавува оглас за позицијата:


СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАЌАЊА И КОНТРОЛА НА ДНЕВЕН ПРОМЕТ

 

Клучни одговорности:

  • Ги спроведува сите девизни и денарски плаќања по налог од претпоставен
  • Анализира курсеви и банкарски провизии и обезбедува најповолна понуда при купување девизи
  • Спроведува процес на отворање нови картички за службени потреби согласно дадени насоки
  • Следи состојба и лимити на картичките и се грижи за навремено полнење
  • Книжи патни налози и сметки за патарини
  • Контрола и проверка на фискални сметки и трговски книги од продавници
  • Реализира поврат на средства за продавници и WEB трансакции
  • Поддршка при дневно усогласување со фискални принтери
  • Обезбедува поддршка за POS терминали и фискални принтери
  • Усогласување на картички по деловни единици
  • Подготвува дневни, месечни и периодични извештаи за усогласеност со трговска книга и извештаи за ДДВ
  • Подготвува извештаи за промет за трговски центри
  • По потреба спроведува обуки за работа на каса за продавниците

Квалификации и вештини:

  • Минимум средно или високо образование (економски насоки – предност)
  • Искуство во финансии, сметководство или администрирање на плаќања
  • Пожелно е искуство во малопродажна дејност или други големи системи
  • Одлично познавање на работа со компјутер и MS Office (особено Excel)
  • Прецизност, одговорност и аналитички пристап кон работата
  • Способност за работа со рокови и повеќе задачи истовремено
  • Комуникативност и професионално писмено изразување
  • Способност за решавање проблеми и самостојно носење одлуки во рамките на надлежностите

Што нудиме?

  • Работа во стабилна и меѓународно присутна групација
  • Динамична и одговорна работна позиција
  • Можности за развој и напредување
  • Професионална средина и поддршка од тимот
  • Пакет на бенефиции согласно позицијата
  • Работно време (флексибилно: 7:30-8:30 до 15:30-16:30)

Доколку се препознавате во овој опис и сакате да бидете дел од динамична, современа и мотивирачка работна средина, ве охрабруваме да аплицирате преку означеното поле најдоцна до 15.03.2026.

Специјалист за плаќања и дневен промет

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Специјалист за плаќања и дневен промет

Лични информации
Професионални информации