BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и Соединетите Американски Држави.
Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција. Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.
Како дел од BALFIN Group, Нептун Македонија игра клучна улога во секторот малопродажба. Во насока на понатамошно унапредување и зајакнување на секторот за финансии и сметководство, објавуваме оглас за работно место:
КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР
Како Контролинг Менаџер, ќе бидете одговорни за развој и унапредување на контролинг функцијата во компанијата, воспоставување и следење на интерни финансиски контроли, управување со ризици, дигитализација на финансиските процеси и обезбедување навремени и точни финансиски информации за поддршка на деловното одлучување.
Ќе раководите со Одделот за контролинг и ќе бидете клучна алка помеѓу финансискиот сектор, менаџментот, ревизорите и останатите организациски единици.
Клучни одговорности
Стратешко раководење со контролинг функцијата
- Развој и унапредување на контролинг функцијата согласно современите практики.
- Дефинирање на цели, KPI индикатори и оперативни планови за одделот.
- Воведување иницијативи за оптимизација, дигитализација и подобрување на финансиските процеси.
- Развој и менторирање на тимот со фокус на високи перформанси и професионален раст.
Финансиска анализа и следење на перформанси
- Анализа на финансиски и оперативни KPI показатели.
- Подготовка на редовни и ad hoc анализи и извештаи за менаџментот и Бордот на директори.
- Следење на буџетските отстапувања и подготовка на препораки за подобрување на резултатите.
- Поддршка на раководителите во толкување на финансиските импликации од деловните активности.
Контрола и усогласување на финансиските процеси
- Управување со процесот на месечно, квартално и годишно усогласување на билансните позиции.
- Следење и решавање на идентификувани неусогласености и ризици.
- Обезбедување ефикасно и навремено затворање на финансиските периоди.
Интерни контроли, ризици и усогласеност
- Воспоставување и мониторинг на интерната контролна рамка.
- Следење на усогласеноста со МСФИ, законските прописи и интерните политики.
- Идентификација и управување со финансиски и оперативни ризици.
Ревизија и дигитална трансформација
- Координација на активности поврзани со интерна и екстерна ревизија.
- Имплементација на корективни мерки и акциони планови за ревизорски наоди.
- Водење проекти за автоматизација, дигитализација и оптимизација на финансиските процеси.
Управување со тим
- Организација, координација и развој на тимот во рамките на Одделот за контролинг.
- Поставување цели, следење на перформанси и обезбедување континуиран развој на вработените.
Потребни квалификации
- Високо образование од областа на економија, финансии, сметководство или сродна област
- Минимум 8 години работно искуство во финансии, сметководство, финансиско известување или контролинг
- Најмалку 2 години искуство на раководна позиција
- Одлично познавање на финансиско известување, контролинг и интерни финансиски контроли
- Искуство во работа со банки, ревизори, државни институции и групациско известување претставува предност
- Напредно познавање на Microsoft Excel и Microsoft Office пакетот
- Искуство со ERP системи, BI алатки и финансиски информациски системи
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавање на финансиската и сметководствената регулатива
- Лиценца за овластен сметководител и/или ревизор ќе се смета за предност
Бараме личност која поседува
- Стратешко размислување и бизнис ориентиран пристап
- Лидерски способности и вештини за донесување одлуки
- Одлични аналитички и организациски способности
- Способност за управување со промени и ризици
- Проактивност и иновативност
- Развиени комуникациски и преговарачки вештини
- Способност за мотивирање и развој на тимови
- Високо ниво на одговорност и интегритет
Што нудиме?
- Можност да бидете дел од водечка компанија во малопродажбата на техника и електроника
- Клучна стратешка улога со директно влијание врз финансиското управување и деловните одлуки
- Професионален развој и работа на значајни проекти за дигитална трансформација
- Динамична и професионална работна средина
- Конкурентен пакет на бенефиции
📩 Доколку ги препознавате вашите професионални амбиции во оваа позиција, аплицирајте до 27.07.2026 и станете дел од тимот на Нептун.