Продукт менаџер (Мобилни телефони)

Скопје, Северна Македонија

BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и САД.

Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција. Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.

Како дел од BALFIN Group, Нептун Македонија игра клучна улога во секторот малопродажба. Во насока на понатамошно унапредување и зајакнување на секторот за управување со производи, објавуваме оглас за работното место


ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

(Категорија: Мобилни телефони)

 

Опис на работната позиција:

Продукт менаџерот ќе биде одговорен за собирање и анализирање на информации од пазарот на мобилни телефони и сродни уреди, креирање и имплементација на стратегија за развој на категоријата, водење преговори со добавувачи и производители, како и реализација на годишните планови и деловни цели.

Менаџерот е директно одговорен за управување со животниот циклус на производите, финансиските резултати на категоријата, уделот на пазарот, приходите, профитабилноста, оптимизацијата на залихите, како и условите и роковите за плаќање за доделениот асортиман на производи.

Идеалниот кандидат има пасија за мобилна технологија, стратешки пристап кон работењето, високо развиени аналитички и преговарачки вештини, способност за работа во динамична средина и креативен пристап во развојот и позиционирањето на производите на пазарот.


Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование од областа на техничките науки, бизнис администрација или економија
  • Минимум 3 години работно искуство во набавка, продажба, продукт менаџмент или сродна област
  • Добро познавање на пазарот на мобилни телефони, потрошувачка електроника и актуелните технолошки трендови
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office пакетот и Power BI
  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки способности
  • Изразени аналитички вештини и способност за носење одлуки базирани на податоци
  • Позитивен пристап, тимски дух и ориентираност кон резултати

Што нудиме?

  • Атрактивен пакет на плата и бенефиции
  • Работа со врвни светски брендови и иновативни производи
  • Одлични услови за работа во професионална и амбициозна средина
  • Континуирани обуки и можности за професионален развој и напредување
  • Можност да влијаеш врз развојот на една од најважните и најбрзо растечки категории во компанијата

Доколку мобилната технологија е твоја страст, а бизнисот и анализата се твоја силна страна, приклучи се на тимот на Нептун и учествувај во креирањето на иднината на мобилната индустрија во Македонија.

Аплицирај преку означеното поле, најдоцна до 03.08.2026

Продукт менаџер (Мобилни телефони)

Пријави се на огласот
Опис на работно место

Продукт менаџер (Мобилни телефони)

Лични информации
Професионални информации