Скопје, Северна Македонија
Нептун Македонија е во потрага по амбициозни, мотивирани, стратешки ориентирани кандидати за позицијата
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (2 ИЗВРШИТЕЛИ)
1. Категорија: Гејминг и ИТ додатоци
2. Kатегорија: Бела техника
Продукт менаџерот ќе биде одговорен за собирање и анализирање на информации од пазарот на апарати од потрошувачка електроника, креирање на стратегија за производи, преговори со добавувачи и извршување на годишен план и исполнување на поставените цели за категоријата на производи, согласно очекувањата на клиентите. Менаџерот за управување со производи е директно одговорен за раководење со животниот циклус на производите, финасиските резултати, удел на пазарот, приходи, профит, продуктивност на залиха, услови и рокови за плаќање за доделениот сет на производи.
Идеалниот кандидат има пасија за техника, стратешко размислување, високо развиени преговарачки и аналитички вештини, способност за одредување приоритети и работа со временски рокови, како и иновативен и креативен пристап во одредување на маркетинг стратегијата.
Потребни квалификации:
• Универзитетско образование – економски, технички науки
• Мин. 3 години искуство во набавка, продажба, управување со производи или друга слична област на работа
• Темелно познавање на индустријата, малопродажба, технолошки и пазарни трендови
• Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office пакетот
• Способност за ефективна комуникација и преговарање
• Страст за анализирање на производите, потребите на клиентите и динамиката на пазарот
• Позитивен став, тимски дух, желба за напредок и постигнување успех
Што нудиме?
• Атрактивен пакет на плата и бенефиции
• Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
• Континуирана обука и можност за напредување
Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и сметате дека ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле, до 02.01.2026