ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (IT периферија и Гејминг)

Скопје, Северна Македонија

Дали секогаш си во тек со најновата гејминг опрема, PC периферии и технолошки трендови? Дали уживаш во работа со врвни брендови, преговарање и носење на најновите производи до клиентите?

Нептун вработува Продукт Менаџер каде што ќе работиш директно со добавувачи и водечки брендови, ќе ги следиш најновите трендови и ќе помогнеш во креирањето на производното портфолио за илјадници љубители на технологијата и гејмингот


ПРОДУКТ МЕНАЏЕР 

( категорија: ИТ периферија и Гејминг)

                                    

Продукт менаџерот ќе биде одговорен за собирање и анализирање на информации од пазарот на апарати од потрошувачка електроника, креирање на стратегија за производи, преговори со добавувачи и извршување на годишен план и исполнување на поставените цели за категоријата на производи, согласно очекувањата на клиентите. Менаџерот за управување со производи е директно одговорен за раководење со животниот циклус на производите, финасиските резултати, удел на пазарот, приходи, профит, продуктивност на залиха, услови и рокови за плаќање за доделениот сет на производи.

Идеалниот кандидат има пасија за техника, стратешко размислување, високо развиени преговарачки и аналитички вештини, способност за одредување приоритети и работа со временски рокови, како и иновативен и креативен пристап во одредување на маркетинг стратегијата.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование – технички науки, бизнис или економија
  • Мин. 3  години искуство во набавка, продажба, управување со производи или друга слична област на работа
  • Темелно познавање на индустријата, малопродажба, технолошки и пазарни трендови
  • Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office пакетот, Power BI
  • Способност за ефективна комуникација и преговарање
  • Страст за анализирање на производите, потребите на клиентите и динамиката на пазарот
  • Позитивен став, тимски дух, желба за напредок и постигнување успех

Што нудиме?

  • Атрактивен пакет на плата и бенефиции
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување

Ако те мотивираат технологијата, гејмингот и бизнисот, ова е твојата можност да го подигнеш своето искуство на следно ниво. 🎮💻

📍 Аплицирај до 12.07.2026

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (IT периферија и Гејминг)

Пријави се на огласот
Опис на работно место

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (IT периферија и Гејминг)

Лични информации
Професионални информации