Практична работа во Нептун

Започнете ја кариерата кај нас!

Практична работа


Од пракса до вработување во Нептун

успешни приказни


ИСКУСТВАТА НА НАШИТЕ ПРАКТИКАНТИ

„Неизмерно сум благодарна за можноста да бидам дел од тимот на човечки ресурси, каде што  за овие три месеци стекнав значаeн увид и вештини во оваа област. Од големо значење за мене е можноста да видам како работи тимот на важни проекти за унапредување на работниот процес и задоволството на сите вработени. Благодарна сум што можев да ги следам овие процеси и да учествувам во истите. Поради можноста да учествувам во повеќе различни проекти, праксата во Нептун ми го зголеми уште повеќе интересот  успешно да ја градам мојата кариера во областа на човечките ресурси и ми помогна во остварувањето на мојот сон – да најдам работа во областа на регрутација на кадри. Целиот тим несебично го споделуваше знаењето и вештините, како и вредни совети за мојот понатамошен личен и кариерен развој.  Ми беше чест да учам од ваков тим!“

Ангела Ристоманова - Практикант во оддел за Човечки ресурси




„Моите амбиции и потрагата кон професионално учење, осознавање и надградување на професијата на која сум академски  посветен како  и продлабочување и практично запознавање со  материјата која низ образовниот процес скалесто ја совладав,  беа клучен сегмент да започнам да размислувам за чекор кој втурнува во работа, колектив и колегијалност. Нептун со својот став на серизност, посветеност, енергија која владее помеѓу вработените и можност за себе надградба  ми овозможи едно ново видување на економијата, овој пат низ прозорец малку поразличен од оној со многу литературата која ја нуди факултетот, но сепак доволно близок да направи една симбиоза на она што досега го знам и она што во иднина сакам да го работам. Финансии и сметковотството, книжење на уплати и тимска работа како и точност и временска прецизност во исполнување на обврските се само дел од вештините кои ги сретнав , осознав и запомнив. Добив внимание и знаење какво што секој би посакал, несебично споделено, со добра мисла обострано сметам дека бев корисен практикант кој со време ќе напредува во економијата како гранка. Дотогаш само пофални зборови за овој колектив, за потрагата и поддршката на младите студенти, за можноста од овде да почне да се гради темелот на индивидуалноста и личноста, темелот кој ќе не дефинира нас во иднина, столбот на нашата професија.“

Виктор Стевановски - практикант во оддел Финансии и сметководство




„Во Нептун стекнав доста големо искуство во секој поглед. Научив како се прави еден леток и целата негова постапка исто така научив и доста работи во Excel, всушност видов еден цел процес како работи една сериозна и голема компанија која дава се од себе да излезе во пресрет на купувачите и сум благодарна што ми овозможија да бидам дел од оваа кoмпанија.“


Јована Ѓорѓевиќ - практикант во оддел за Графички дизајн