Со цел нашите вработени да бидат задоволни и мотивирани за постигнување извонредни резултати во работата, континуирано воведуваме програми за бенефиции Покрај тоа што нашите вработени имаат можност да работат во средина која е динамична, исполнета со комуникација со различни типови на клиенти, интересни предизвици и можности за учење од светски познати брендови од областа на техниката и малопродажбата, компанијата дополнително им овозможува одредени бенефиции. Ова се дел од бенефициите:
Ние во Нептун, веруваме во создавање хармонично, стабилно и коректно работно опкружување. Градиме култура на почит, доверба, емпатија, взаемно помагање и пред сè учење и личен развој. Го поттикнуваме тимскиот дух, а истоверемно ја цениме различноста и уникатноста на секој поединец. Ние сме уверени дека целите можеме да ги постигнеме со заедништво и преку иновативен, практичен и претприемнички пристап на нашиот тим. Корисничкото искуство, продажбата и врвната услугата кон клиентите ни се на прво место и сите заедно се стремиме да креираме задоволни клиенти.
Одделот за човечки ресурси е посветен на обезбедување високо квалификуван и мотивиран кадар кој ќе ги исполни нашите деловни цели. Посебно внимание посветуваме на личните компетенции затоа што веруваме дека техничките компетенции полесно ќе бидат совладани доколку кандидатите поседуваат позитивен став, амбиција и мотивација за учење и постигнување резултати. Затоа, ги избираме нашите вработени со соодветна грижа при регрутирањето, ги избираме оние кои ги одразуваат нашите вредности.
#доверба #одговорност #личен и компаниски развој #иновативност
Нептун Македонија е дел од Balfin Group - една од најголемите инвестициски групации во регионот, со 5700 вработени. Како дел од групација, имаме можност за разменување искуства и за примена на најдобрите практики од индустријата. Воедно нашите вработени имаат можност за градење на интернационална кариера во рамки на групацијата.
Портфолиото на инвестициската група може да се класифицира во рамките на активностите за развој на недвижности, малопродажба, комерцијално и индустриско управување со простор и услуги, индустрија за минерални сировини, туризмот, енергетиката, земјоделството и банкарството. Со присуство во 7 држави: Албанија, Австрија, Македонија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија, веќе има воспоставено репутација како најактивна и најиновативна групација, благодарение на успешните инвестициски идеи со кои го трансформираат и револуционизираат не само пазарот, туку и однесувањето на потрошувачите.
Визија
„Да станеме меѓународен инвеститор кој поставува нови стандарди за квалитет во сите области од нашето работење“
Мисија
„Да дејствуваме како неоспорен локален и регионален инвеститор на таргетираните пазари, преку предвидување на потрошувачките навики на клиентот и нудење позитивна вредност за опслужување на овие навики со помош на одлична услуга, притоа создавајќи поволна придобивка за сопствениците. Способноста на Балфин да ги претвори предизвиците во вредни деловни можности е причината зошто постоиме“
За сите прашања и поплаки во врска со безбедноста и приватноста на вашите податоци, контактирајте го нашиот службеник за заштита на податоците: (e-mail адреса на лицето одговорно за заштита на податоци- filip.grozdanovski@neptun.mk)